Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер потпиша уште еден среден бек, тоа е Алекса Колаковиќ

Еурофарм Пелистер од Битола го затвори бројот на засилувања за новата сезона, откако денес претстави уште едно име во својот ростер, тоа е Алекса Колаковиќ, 28-годишниот среден бек од Србија со богато интернационално искуство.

Алекса Колаковиќ е српски репрезентативец со “пелистерци“ се обврза на едногодишен договор, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

-Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме со доведување на уште еден среден бек. Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски репрезентативец, роден во Подгорица, кој доаѓа во Битола од францускиот ракомет. По четири сезони во Сант-Рафаел и две во Шартр, Колаковиќ го прифати предизвикот да дојде во најракометниот град и да игра пред најдобрата публика во светот. Средниот бек има шест настапи за српската репрезентација, а настапите во една од најсилните лиги во светот беа добра препорака за трансфер во Битола.

Србинот е деветто засилување за новиот тренер Лино Червар по: Серафимов, Котар, Мехмедовиќ, Џелетовиќ, Татар, Белистојаноски, Басанесе и Џелиловиќ“, велат од редовите на Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »