Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера во Битола две сообраќајни незгоди, во кои имало три повредни лица

На 21.01.2019 година, при контрола nа полициски службеници од СВР Битола, откриено е дека три возaчи управувале нерегистрирано возило, а еден возач  управувал возило без да поседува возачка дозвола.

Шест лица не користеле сигурносен појас, а три други возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило.

Писмено опоменати се три и издадени се седум мандатни платни налози за неправилно паркирање.

Со специјално возило „Пајак” подигнати се четири возила на подрачјето на Битола и Прилеп.

На 25 возачи  изготвени им се дадени мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и пет прекршочни налози. При контролата откриени се и други 10 видови останати прекршоци.                  

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни незгоди (двете во Битола) од кои во едната сообраќајна незгода три лица се здобиле со телесни повреди, а другата е со материјална штета.