Марија и Томас Русенгрен од хуманитарната организација “ХЕНД ТИЛ ХЕНД“ од Шведска повторно ја посетија Клиничка Болница Битола и уште еднаш ја изразија својата хуманост кон нашите вработените.
Денес, Клиничката болница доби донација од 32 пара на чизми за хтз заштита од Шведско производство. Оваа донација е наменета за вработените од техничката служба и општиот сектор при Клиничка Болница Битола, а ова е специјална нарачка, на ваков вид чизми и еден пар иам цена од околу 350 евра.
-Голема донација од нивна страна но уште поголемо задоволство на изразот на лицата на нашите вработени. Од нивно име како и од името на менаџерскиот тим на Клиничка Болница Битола, сакам уште еднаш да им изразам голема благодарност за донацијата и знам дека заедно сме посилни и знам дека заедно ќе продолжиме со добрата соработка се за успешната работа на Клиничка Болница Битола, соопшти портпаролот на Болницата, Сузана Конеска.

Клиничката болница доби донација од 32 пара чизми од Марија и Томас Русенгрен (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: повреден градежен работник
- Едукативен настан за дигитална безбедност
- “Lidl“ ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет (фото)
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Европска ноќ на истражувачи 2026 – науката се среќава со граѓаните





