Во Битола се одржа завршната конференција од проектот на Европслата унија „NO1BEHIND“ или „НИКОЈ ЗАД“ кој има за цел да се зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот, да не остави никој зад себе и паралелно да промовира активен начин на живот за порамноправни општества каде што секој може да го достигне својот целосен потенцијал.
Координатор на проектот е Гордана Цветковска Бошевска – Центар за активни млади – Битола во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од Шпанија и Португалија.
На конференцијата беше презентиран Прирачник со искуствата и препораките на сертифицираните тренери за спорт со попреченост од проектот и истиот ги содржи основните практични методолоогии, принципи, адаптации и примери што можат да се применат во различни спортови и физички активности за лица со различни видови на попреченост.
Конференцијата предизвика големо внимание кај децата и кај родителите со деца со попреченост и истата беше посетена од 85 лица.
Преку овој проект за спорт без бариери се реализираа обуки насочени кон вклучување на деца со помалку можности, обука за тренери и истите беа насочени кон создавање можности за размена на најдобри практики, градење компетенции и поттикнување на иновативни идеи во врска со мерките за инклузија.
Организаторот на настанот истакна дека преку него сакаат да понудат лесно достапни рекреативни активности за деца и лица со попреченост, активности што ги охрабруваат да бидат активни и што внесуваат повеќе спорт и вежбање во нивното слободно време и дневна рутина. Целта е да се создаде трајно позитивно влијание врз заедниците и земјите каде што ќе се одвива проектот, со демонстрирање на колективна солидарност, емпатија и поддршка за луѓето што живеат таму.

Завршна конференција, спорт без бариери, современи методологии, практики и можности за инклузивен спорт
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from СпортMore posts in Спорт »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- КК Пелистер ги отвора вратите за основците и средношколците
- Влатко Трајчески победник на традиционалниот кугларски турнир во Битола
- 68. по ред ноќна атлетска трка по Широк Сокак во Битола со повеќе од 600 учесници (мега фотогалерија)








