Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање на комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево.
Следејќи ги потребите на општините, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање на комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево.
Клучевите од двете возила на градоначалниците на општините Демир Хисар и Крушево денес симболично им ги врачија директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.
-Со овој проект се придонесува кон заштитата на животната средина во овие општини а индирекно и во целиот Пелагониски регион. Возилата поседуваат технички карактеристики приспособени на потребите на комуналните претпријатија на општините Демир Хисар и Крушево и се во согланост со европските стандарди за извршување на комунални услуги, рече директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, кој нагласи дека вкупната вредност на проектот изнесува 6.063.666,00 денари од кои 5.457.298,00 денари се средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на БРР.
И општините Демир Хисар и Крушево кофинасираат во проектот со по 303.184,00 денари.






