Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера во Битола исконтролирани 246 возачи и возила

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на ден 22 јануари, извршиле контрола на 246 возачи и возила. 

При контролата откриено е дека два возaчи управувале нерегистрирано возило, а исто така три возачи  управувалe возило без да поседуваат возача дозвола, a 12 лица не користеле сигурносен појас. 

Писмено опоменати се три возачи, a nа 38 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 12 прекршочни налози.

Исто така при контролата откриени се и други 12 видови останати прекршоци.