Press "Enter" to skip to content

Правниот факултет го прослави својот 10 годишен јубилеј (фотогалерија)

Со свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти од прв циклус, како и магистрираните студенти на вториот циклус студии, Правниот факултет го одбележа својот јубилеј, 10 години од основањето.На свеченоста по повод јубилејот беа доделени благодарници на Ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“- проф. д-р Сашо Коруновски, деканите на останатите единици при Универзитетот,  поранешниот декан на Правниот факултет, проф. д-р Илија Тодоровски и сегашниот декан, вон. проф. д-р Горан Илиќ.Благодарници беа доделени и на професори од Правниот факултет за нивната работа со студентите при симулирани судења (вон. проф. д-р Никола Тунтевски, доц. д-р Мирјана Ристовска и доц. д-р Ангелина Станојоска) и на координаторката на Правната клиника, асс. м-р Ивона Шушак.Воедно беше доделена и првата награда за есеј на студентката Невена Димовска.Честитајќи им ги завршувањето на студиите на дипломираните студенти, деканот, вон. проф. д-р Горан Илиќ рече:-На сите дипломирани и магистрирани студенти им посакувам успех во понатамошната кариера, и во име на Правниот факултет им се заблагодарува на сите кои се вложија од основањето на факултетот до денес.Инаку, со иницијатива на пратеникот Александар Кирацовски од Битола, седиштето на Правниот факултет од Кичево треба да се префрли во Битола.Правниот факултет работи при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола.