-СЈО и куќниот притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески е од поли
тички мотиви, беа мотивот за протести на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а беше речено дека се со цел тој не само да се дискредитира како личност, туку и да биде спречен да управува со градот Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Од СЈО сметаа сметаат дека на Талески треба да му биде одреден притвор, затоа што наводно според нивни сознанија постоела опасност од негово бегство, а и затоа што тој до
колку и натаму ја обавувал градоначалничката функција можел да влијае врз сведоците и останатите обвинети во слу чајот “Транспортер“.
Затоа пред Апелациониот суд во Битола во одбрана на градоначалникот Владимир Талески застанаа и членовите на ВМРО ДПМНЕ, коиизлегоа на протест, барајќи да му биде укинат куќниот притвор на Владимир Талески.
За присутните на протестот, Владимир Талески не е виновен и дека тој тоа ќе го докажел во судскиот процес.
-Талески е невин и целиот овој случај е монтиран од политички побуди, се со цел Владимир Талески, кој во три мандати убедливо победуваше на локалните избори, во трката за градоначалничката функција да биде спречен да ги реализира големите инфраструктурни проекти и да биде дискредитиран пред одржувањето на локалните избори, кои ќе се одржат во април идната година, сметаат од партија та чиј кандидат на сите локални избори во Битола, беше Владимир Талески, беше речено на протестот пред Апелација.










