-Битола ова лето повторно ќе заживее во ритамот на диско ерата. На 17 јули (петок), со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Расчекор“ ќе се одржи “Ретро журка No 8“, посветена на легендарното диско „Орфеј“ – место кое остави неизбришлива трага во музичката историја на градот.
Летото во Битола традиционално е време на средби, а оваа ретро вечер ќе биде место каде повторно ќе се сретнат стари пријатели, љубители на добра музика и сите оние кои сакаат да ја почувствуваат енергијата на едно незаборавно музичко време.
Тројца легендарни диџеи DJ Krazy Slave Keleshovski специјален гостин, заедно со DJ Ile The Hair и DJ Николче Терзиевски на ретро ноќ посветена на „Орфеј“.
Ќе одекнуваат безвременски хитови како Stayin’ Alive, Dancing Queen, Rasputin, I Will Survive, September, Le Freak, Hot Stuff, Billie Jean, Take On Me, You’re My Heart, You’re My Soul и многу други легендарни песни што ги обележаа 70-тите и 80-тите години. Од Bee Gees, ABBA и Donna Summer, преку Boney M., Chic, Earth, Wind & Fire и Gloria Gaynor, па сè до Madonna, Michael Jackson, Modern Talking и Sandra…велат тие.
DJ Krazy Slave Keleshovski – Славе Келешовски, еден од најпознатите македонски диџеи, кој со своите настапи во легендарното „Орфеј“ создаваше атмосфера која и денес се памети ни кажа:
-За мене музиката од тоа време не е само звук – таа е емоција, спомен и енергија. Ќе се обидам повторно да ја донесам атмосферата на времето кога секоја песна имаше своја приказна, а луѓето се поврзуваа преку музиката“, вели DJ Krazy Slave Keleshovski.
Заедно со него, зад пултот ќе застанат DJ Ile The Hair и легендарниот DJ Николче Терзиевски, кои подготвуваат музичка патека исполнета со најголемите диско и ретро хитови. DJ Николче Терзиевски за ретро журката посветена на „Орфеј“ вели:
-Ќе пуштаме музика што не старее – песни кои ги знаеме сите, но секогаш звучат свежо кога ќе се пуштат во вистинска атмосфера. Целта е луѓето да танцуваат, да се потсетат на убави моменти и повторно да ја почувствуваат магијата на ретро звукот“. За една вечер повторно ќе оживеат звуците на 70-тите и 80-тите години – диско, фанк, соул, поп и денс хитови кои ги полнеа подиумите и создаваа незаборавна атмосфера. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана музичка селекција од винил плочи и ретро хитови кои и денес ги поврзуваат генерациите.
DJ Ile The Hair додава:
-Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана музичка селекција од винил плочи и ретро хитови кои и денес ги поврзуваат генерациите. Посебен акцент ќе биде ставен на автентичниот звук на винилот, препознатливите бас линии, диско ритмовите и хитовите кои ја обележаа една цела ера. Од „Saturday Night Fever“ до светските диско класици, вечерта ќе биде посветена на музиката која ги надминува времето и генерациите.
Вечерта ќе биде вистинско патување низ златната ера на диско, фанк и поп музиката ветуваат организаторите и ДЏ ите. Ретро журка No 8 – не е само забава. Ова е доживување!
Жанета Ристевска











