Еурофарм Пелистер од Битола ќе игра во групната фаза на Европската лига на ЕХФ, а на ждрепка ги доби ривалите во новата сезона 2026/27 која ќе стартува за два месеци.
Пелистер Еурофарм имаше статус на носител и беше во “првиот шешир“ заради добриот коефициент на Македонија.
“Пелистерци“ ќе бидат во “Г“ групата каде ќе играат заедно со екипите на Гумерсбах и Ла Риоха и Гдањск , претставници на најсилните лиги во Европа, Германија и Шпанија, како и екипата на Гдањск од Полска.
Вкупно Европската лига во 32 екипи играат во групната фаза, во шест кола, од 29 септември до 2 декември, а ќе се игра во нов формат низ пет фази: групна фаза, плеј-оф, осминафинале, четвртфинале и Ф4-турнир.
Првопласираните и второпласираните екипи од секоја група ќе обезбедат место во плеј-офот, каде што ќе им се приклучат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза на Лигата на шампионите.










