Press "Enter" to skip to content

Филип Ивановски се враќа во ракометот, сега ќе биде тренер на голманите на Еурофарм Пелистер 2

Еурофарм Пелистер 2 од Битола по официнализирањето на новите засилувања и на помошникот на Ангелевски се пофали и со  ново засилување на клупата.

Македонскиот вицепрвак го потврди Филип Ивановски за нов член на стручниот штаб на младите “пелистерци“ и тренер на голманите. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе работи во тимот на Бранислав Ангеловски во кој е и Фарук Мемиќ.

Во својата кариера Ивановски беше дел од Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел, Охрид. 

По крајот на ракометната кариера Филип Ивановски неколку години работеше и како директор на кошаркарскиот клуб Пелистер, меѓутоа сега му се враќа на матичниот спорт.

More from ВестиMore posts in Вести »