-Бранислав Ангеловски ја започна мисијата со подмладениот состав, а капитенот Стефан Дрогришки ќе биде лидер на битолчани, а во стручниот штаб се Фарук Мемиќ и Филип Ивановски.
Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона 2026/27 под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, со одржување на прозивката, првиот состанок и тренинг и цел да направат исчекор и да бидат едно од најпријатните изненадувања во шампионатот.
Во стручниот штб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт).
Еден од најважните адути на тимот повторно ќе биде искусниот Стефан Дрогришки. Со богато искуство стекнато на домашната и европската сцена, вклучувајќи настапи и во Лигата на шампионите, Дрогришки ќе биде еден од лидерите на битолскиот состав.
Новиот тренер Бранислав Ангеловски на првиот состанок порача дека покрај резултатите, една од главните цели ќе биде развојот на младите ракометари и нивна промоција во сениорскиот состав на актуелниот македонски вицешампион. Ангеловски истакна дека тимот е комбинација од младост и искуство и дека преку максимална работа на тренинзите очекува тоа да се преслика и на натпреварите.
-Едноставната работа може да биде сложена доколку се експериментира. Ќе дадам сè од себе оваа екипа да го даде својот максимум на тренинзите, а со тоа и на натпреварите. Во ситуација сме на спој на младост и искуство, но резултатите не смеат да бидат во втор план. Единствена желба ми е сите играчи да останат здрави во текот на подготовките и сезоната за да го покажеме тоа што го знаеме. Исто така, сакам што повеќе момци од оваа група млади ракометари да заиграат во првиот тим на Еурофарм Пелистер, изјави Ангеловски.
Новиот стратег откри и зошто подготовките ќе се реализираат во Битола.
-Моја беше замислата да останеме во Битола, затоа што сакам овие момци да го почувствуваат градот. Веќе закажавме неколку пријателски натпревари, ќе учествуваме на турнирот во Прилеп, а на крајот од подготовките ќе одиграме натпревар против младата репрезентација на Иран во Скопје, додаде Ангеловски.
Летово во Битола како засилувања дојдоа: Александар Стојков (Куманово), Марко Трајков (Пролет), Кристијан Симоноски (Алкалоид), Божидар Илиески (Прилеп).
Од клубот заминаа: Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Марковски, Одфред Баптист. Томче Пецаковски, Бојан Гичев, Јован Даневски.

Еурофарм Пелистер 2 во Битола ги започна подготовките за новата сезона со нов тренер и четири засолувања (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
More from СпортMore posts in Спорт »
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)
- Пелистер поразен од Куманово, утре ќе игра трето место во Битола (фотогалерија)










