Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен и на втората контрола против Охрид во Битола

Пелистер – Охрид 1:2 (0:1)

Екипата на Пелистер од Битола го забележа вториот пораз во рамките на подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, а играа против екипата на Охрид која како најавува ќе биде конкурент во борбата за пласман во Прва лига.

Пелистер е поразен од Охрид со резултат 1:2, полувреме 0:1.

Екипата на Охрид поведе во 17. минута кога искусниот Бакрачески со удар од далечина, а со тој резулат се замина на Охрид, иако охриѓани имаа и неколку шанси за поголемо водство, а голманот на Пелистер, Димовски тоа не го дозволи.

Во второто полувреме “пелистерци“ заиграа подобро, а со голот на Ивановски израмни на 1:1. По четири минути подоцна Николовски одлично проби по левата страна и со атрактивен гол донесе победа за Охрид со резултат од 1:2.

Пелистер на првиот пријателски натпревар загуби на гости од Паниониос во Толемаида во Грција.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »