Press "Enter" to skip to content

Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година

Пред една година во Битола започна една нова приказна. Од стара куќа со своја историја и спомени, се роди Книга Бар “Пионерски“ Битола – место создадено со идеја повторно да внесе живот во еден препознатлив градски простор и под ист покрив да ги обедини книгата, културата, уметноста, образованието, гастрономијата и гостопримството.

Денес, една година подоцна, зад името Книга Бар Апатмани Пионерски веќе стојат резултати, но уште повеќе – луѓе, средби, настани и приказни. Во изминатите петнаесет месеци Книга Бар Апартмани Пионерски го посетија илјадници посетители, додека во нашите сместувачки капацитети престојуваа голем број гости од земјата и странство.

Особено сме горди на големиот број позитивни рецензии и високите оценки на Booking и Google, и социјалните мрежи преку кои нашите гости го вреднуваат гостопримството, услугата, амбиентот и целокупното искуство во Книга Бар Апартмани Пионерски. Затоа што успехот не го мериме само според тоа колку луѓе поминале низ нашата врата. Го мериме и според тоа колку од нив си заминале со убав спомен и желба повторно да се вратат.

ПИОНЕРСКИ И „БРАЌА МАНАКИ“

Еден од најзначајните моменти во првата година беше периодот на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. За време на отворањето и затворањето на фестивалот, Пионерски имаше чест достоинствено да пречека и услужи дел од гостите и учесниците на фестивалот, во деновите кога Битола повторно беше центар на светската филмска уметност. Меѓу истакнатите личности кои беа дел од тие денови беше светски познатиот кинематографер Дариус Конџи, уметникот Киро Урдин, како и многу други гости присутни на 46. издание на фестивалот.

ПОВЕЌЕ ОД 200 СЕМИНАРИ, ОБУКИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ

За само една година, Пионерски стана препознатливо место за организирање деловни, образовни и културни настани. Во нашите простории се одржаа повеќе од 200 семинари, обуки, презентации и други организирани настани, реализирани од компании, институции, здруженија и различни културни организации. Посебно место во нашата работа имаа децата и младите, за кои беа организирани бројни едукативни, креативни и забавни активности. Пионерски беше домаќин и на шаховски турнири и дружења, создавајќи простор каде различни генерации можеа да се сретнат околу една од најстарите и најубавите интелектуални игри.

НОВОГОДИШЕН ПИОНЕРСКИ

Посебно поглавје од нашата прва година беше новогодишниот период. Со внимателно осмислената празнична декорација, светлата и уникатниот амбиент на старата архитектура, Пионерски беше еден од најубаво украсените и најпрепознатливи објекти во Битола за време на новогодишните празници. Тоа беше уште еден момент кога старата куќа покажа дека може повторно да живее – овојпат исполнета со светлина, музика и луѓе. Во текот на годината, Пионерски беше избор за престој и настам на познати имиња од македонската и српска естрада, меѓу кои Ристе Ристески, Ламбе Алабаковски, Лидија Кочовска, “Љубојна“, Виктор Апостоловски, Сузана Гавазова, Светозар Игич како и многу други познати личности и гости.

КНИГАТА – СРЦЕТО НА ПИОНЕРСКИ

Во целата приказна, книгата отсекогаш имала посебно место. Во Пионерски гостуваа автори и дела кои оставаат свој белег во современата книжевност. Калина Малеска со романот „Светот што го одбрав“, добитник на наградата „Роман на годината“. Лилјана Пандева со романот „Зара Зарина“. Симона Јованоска со збирката раскази „Ништо нормално“. Светлана Калезиќ Радоњиќ со збирката раскази „Евангелие по утерусот“. А книжевната приказна продолжува. На 25 август, Пионерски ќе биде домаќин и на Фросина Пармаковска со романот „Кривата Дијана“, добитник на наградата „Пегаз“.

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД КАФЕ И РЕСТОРАН

Во текот на првата година во Пионерски се одржаа музички вечери, книжевни промоции, културни и хуманитарни настани, детски активности, спортски преноси, приватни прослави, деловни средби и многу други случувања. Се развиваа гастрономската понуда, конференцискиот простор и сместувачките капацитети. Но најголемиот успех на Пионерски не се само бројките. Тоа се луѓето. Нашите гости. Нашиот тим. Нашите соработници и пријатели. Компаниите и организациите кои ни ја дадоа својата доверба. Авторите, уметниците и музичарите кои ја споделија својата работа со нашата публика. Децата и младите кои внесоа посебна енергија во нашиот простор. И секој човек кој барем еднаш ја отвори вратата на Пионерски.

На сите вас – БЛАГОДАРИМЕ.

За довербата. За поддршката. За секоја препорака. За секое враќање. За само една година, една стара битолска куќа повторно се исполни со живот. Денес во неа се среќаваат книгата и кафето, образованието и бизнисот, филмот и уметноста, музиката и гастрономијата, децата и возрасните, битолчани и гости од различни делови на светот. Создадовме многу спомени. Запознавме многу луѓе. Испишавме многу страници.

И продолжуваме понатаму со истата желба со која започнавме – Пионерски да биде место кое живее со Битола и со луѓето кои го посетуваат.

ОД СТАРА КУЌА ДО НОВА ПРИКАЗНА.

Ова беше само првото поглавје.

More from БитолаMore posts in Битола »