Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес во 10 часот ја свика 28-та седница на Советот на Општината Битола, на која покрај за одржување на осветлувањето ќе се расправа и за проектот “Почиста и зелена Битола“, за платите на државните службеници…
За седницата е предложен следниот дневен ред:
- 1. Програма за дополнување на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2019 година.
- Одлуката за пренесување на правото на сервисирање и тековно одржување на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола тер. 1, на ЈП „Комуналец“ Битола.
- Оперативна програма за одржување и сервисирање на опрема за улично осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола за 2019 година на ЈП „Комуналец“ Битола.
- Решение за давање согласност на Ценовникот на услуги за поправка и монтажа на електричната мрежа за улично осветлување на територијата на град Битола тер. 1.
- Проект “Почиста и зелена Битола“.
- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за уредување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.
- Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
- Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво во Општина Битола.
- Решение за именување членови на Општински совет за превенција на детско престапништво во Општина Битола.
- Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола.
- Решение за разрешување и именување на претставник од страна на родителите на децата во Управниот одбор на ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ Битола.
- Годишниот план за вработување на ЈПСИЗ ЖАБЕНИ Битола за 2019
година.






