Поради одрон на пругата на патниот правец Скопје – Велес, возовите од Битола до Скопје, ќе сообраќаат само до и од Велес. Ова ќе важи се додека не се нормализира железничкиот сообраќај, информираат од Македонски железници.
Оттаму известуваат дека возот бр. 644 кој од Битола поаѓа за Скопје во 18:30 часот, од Велес до Скопје беа превезени со автобус, како и патниците кои патуваа за Битола со возот бр. 645 кој поаѓа во 20:10 часот.
Денес покрај возовите за Скопје од Битола и за Битола од Скопје, со Велес ќе вози возот од Гевгелија до Скопје и обратно, а воопшто нема да возат возовите од Кочани до Скопје и обратно.






