Синоќа во Салата на Советот на Општина Битола се одржа средба на која присутвуваа претседателите на урбаните и на месните заедници во руралните средини во Општина Битола, градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, како е дел од нејзиниот тим.
Градоначалничката Петровска на почетокот даде осврт на досегашните реализирани проекти од страна на општината, со акцент на сработените капитални инфраструктурни објекти зацртани во нејзината четиригодишна програма.
-Месните заедници претставуваат основна клетка на функционирањето на локалната самоуправа, потенцираше Петровска и токму оттука локалната власт ги црпи идеите и програмите за работа, за тековниот и наредниот период.
На оваа заедничка средба, беше договорена координација и усогласување со активностите на општината, во сооднос со потребите на жителите на месните заедници, искажана преку нивните претседатели. На средбата, беше договорена натамошната динамика на средби и начинот на комуникација со општината, која им стои на располагање на месните заедници во решавањето на секојдневните нивни потреби, на краткорочен и на долгорочен план.

Претседателите на урбаните и месните заедници на средба со градоначалничката Наташа Петровска (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно и свежо
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)





