Битолските просветни работници, наставници и стручни соработници и ученици можат да учествуваат со свои филмови на “КРЕФ 2019“, конкурсот е објавен, трае до 25 мај, а пропозициите се на веб-страната на фестивалот.
Деновиве Интернационалниот фестивал за едукативни филмови КРЕФ – 2019 е отворен за ученици (од 6-18 години ), едукатори и стручни соработници во улога на автори на филм или ментори. За тоа годинашниот “КРЕФ“ поразговаравме со авторите на овој фестивал Весела Богдановиќ од Битола – Македонија и Зоран Илиќ – Србија. Тие не го криеја задоволството што овој фестивал, повторно е подржан и акредитиран од страна на Министерството за просвета, наука и технолошки развој на Србија.
-На овој фестивал се натпреваруваат учесници од повеќе држави во регионот и пошироко. Право на учество имаат филмови снимени во текот на учебната 2018/19 година, јавно достапни и одобрени за преглед од страна на широката публика, поставени со назнака на избраната категорија. Еден ученик/автор/ментор може да учествува со повеќе филмови во иста категорија или во различни. Тие својата креативност можат да ја изразат во повеќе категории. Пријавувањето започна и трае до 25 мај 2019 година. Во оваа прилика сакам да ги повикам сите оние од Србија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и од сите земји на Европа и светот кои зборуваат со универзалниот јазик на образование и култура да земат учество, ни рече за “КРЕФ 2019“, Зоран Илиќ.
Весела Богдановиќ за целта на овој фестивал, за креативни и едукативни филмови КРЕФ и новините кои ги носи во образовни цели, додава:
-Мултимедијален пристап, креативност и оригиналност, ни е и потребна во наставата кога и пренесуваме знаења на нови генерации кои растат со нова технологија. А со тоа и ние како наставници и поттикнуваме и новата технологија да ја користат за креативни цели. Еве нека биде за снимање на едукативни креативни филмови им порачуваме и ги повикуваме, сите кои ќе учествуваа, да бидат оригинални и снимаат филмови. Квалитетни филмови и квалитетни презентери.
Богдановиќ потсети и дека присуството на професорот, Ричард Спенсер, од “Middlesbrough College Billingham UK“ – Велика Британија минатата година на овој фестивал ги пренесе своите ускуства.
-Професорот, Ричард Спенсер, беше присутен на завршниот дел на фастивалот кој се одржа на Универзитетот во Штип, и со својата презентација “Креативност во пренесување на знаења“ ги прикажа искуствата од своите часови (кои ги снима) и еден мултимедијален пристап со музика и танц во совладувањето на наставни содржини, што е голем поттик во работата за нас. Неговиот труд освои училишен оскар на “КРЕФ 2018“, вели Богдановиќ, а Илиќ додава:
-На минатогодишниот фестивал “КРЕФ 2018“ имаше многу квалитетни едукативни филмови кои пренесуваа силни пораки за ненасилство, другарување, здрав начин на живот, екологија, здрава храна… Еден од нив беше промотивниот спот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола и авторот Жанета Ристевска кој го освои 1 место во категоријата “Лип Дуб“ промотивен спот.
За категориите во кои ќе можат да се натпреваруваат учесниците и начинот на пријавување, оваа година, Весела Богдановиќ вели:
-Оние кои се заинтересирани можат да учествуваат со снимен материјал во вид на краток филм со оригинална и интересна идеја во следните категории:
„Креф промотивен училишен спот 2019“ – Учесниците имаат задача да снимат и прикажат разигран промотивен спот кој ќе претставува една виртуелно шетање низ просториите на вашето училиште и при тоа да се прикажат креативноста низ сцени, игра и танци на учениците и сите други вработени во училиштето. Спотот е промоција на позитивната училишна клима. Филмот треба да трае не повеќе од 7 минути. При снимањето камерата треба да се движи непрекинато низ наместени сцени во и надвор училиштето.
– Категорија „Современо образование“ во која учесниците имаат задача да ја прикажат својата работа во реализација на образовни цели, креативен час со иновативна примена на современа технологија,
-„Креф образовен ресурс“ – учесниците имаат задача да креираат едукативен филм како подршка на конкретни образовни цели.
– КРЕФ игран филм „воспитен предизвик 2019“ каде учесниците треба да снимат игран филм со кој ќе пренесуваат пораки на позитивно општествено однесување (другарство, емпатија, соработка, инклузија, еднаквост, грижа за животната средина и сл.)
Авторите на овој фестивал, Весела Богдановиќ и Зоран Илиќ, ни рекоа и дека веќе има пријавени филмови од Хрватска и Црна Гора, а за авторите од Битола, Богдановиќ вели дека за консултрации им стои на располагање на сите кои сакаат да снимаат и да учествуваат.
Инаку, според пропозициите крајниот рок за апликација е 25 мај 2019, а организаторите велат дека на почеток ќе им упатата еден совет, а тоа е дека должината на филмот на зборува за квалитетот. Филм од 2 минути може да е поефективен од филм од 5 минури.
“КРЕФ 2019“ ги повикува сите ученици, наставници, едукатори и стручни соработници да се вклучат во трка за награди и училишни оскари, а пред да започнете да остварувате некоја идеја добро да ги погледнат пропозициите кои се наоѓаат на нивната веб-страна.
Жанета Ристевска






