Пелистер – Брера 0:0
Фудбалерите на Пелистер од Битола повторно без победа во Втората македонска фудбалска лига, денеска како домаќини во Кавадарци, поради проблемите со теренот во Битола н се снајдоа против младинците на Брера и одиграа нерешено, само 0:0.
Ова е второ реми во две одиграни кола во Втората лига, и тоа двете Пелистер ги одигра како домаќин, а прво беше ремито во Битола против Камјани,
Пелистерци имаа иницијатива но не постигнаа гол за исполнување на целта, постигну вање гол и стигнување до посакуваната цел. Брера си остана непоразена, а бодот има поголемо значење ако се земе фактот што струмичкиот тим речиси цело второ полувреме играше без капитенот Стојановски, кој поради два жолти картони беше исклучен.
По две одиграни кола без победа остана и екипата на Новаци, која пред својата публика попушти во финишот и дозволи Беласица да си замине со цел плен (0:1). Минимален триумф извојува и Македонија ЃП, која во малото скопско дерби славеше над новајлијата во Втората лига, Еуромилк Горно Лисиче (0:1), додека Кајмани ја забележа премиерната победа, откако со 2:1 го совлада Осогово. Домашен триумф извојува и Кожуф, откако со празни раце од Гевгелија си замина екипата на Шкупи (2:0).











