Во катчето наменето за најмалите читатели на библиотеката беше претставена книгата “Крај барата“ од авторот Љубе М. Митрејчевски. Промоцијата ја отвори и им посака добредојде на учениците, дитекторо на НУУБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски, а за книгата зборуваше и авторот.
Оваа промоција на книгата пред најмалите, наменета токму за нив, беше одржана на иновативен и креативен начин. На промоцијата беа присутни и активно беа вклучени учениците од ОУ “Даме Груев“ од Битола, под менторство на наставничката Нела Неделковска.
Учениците кои не го криеја задволството од присуството на промоцијата порај со авторот на “Крај барата“, Љубе М. Митрејчевски имаа прилика да разговараа со битолските писатели Радован П. Цветковски, Добре Тодоровски и Демирхисарскиот писател и библиотекар Златко Бошевски.
Учениците имаа доста прашања, во стилот колку е тешко да се напише книга, и многу други радознали прашања, а гостите, битолските автори имаа трпение на сите да им одговорат на начин кој тие најповеќе го разбираат. Учениците пак, на битолските автори им рецитираа песни кои го подготвија со ноаставничката, Нела Неделковска, токму за оваа прилика.
Авторот и библиотеката како награда на учиниците им ја подарија промовираната книга “Крај барата“, а авторот на сите им напиша посвета.
Ваквата непосредна промоција е одличен на најмалите да им се доближи библиотеката и да стекнат навика за читање книги.

Промоција на книгата “Крај барата“ од авторот Љубе М. Митрејчевски (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола





