АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на “Блок 1“ во РЕК “Битола“. Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка на блокот, отстранување на помали дефекти кои се детектирани, како и за зајакнување на неговата оперативност, информираат од АД ЕЛЕМ.
Планираната проверка и техничка нега на блокот ќе траат 8 до 10 дена, што било овозможено од подобрените временски услови и порастот на температурите, со што била намалена и потрошувачката на електрична енергија за грејни потреби.
Производството на АД ЕЛЕМ ќе продолжи непречено преку другите два блока во РЕК “Битола“, хидроелектраните и акумулациите кои се на оптимално ниво во моментов, Ветерниот парк “Богданци“, како и термоелектраната“Осломеј“ која во секој момент е подготвена да се вклучи според производствените потреби.






