Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на ден 31 јануари, извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици на 332 возачи и возила.
При контролата, кај три возачи е откриено присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. При контролата, откриено е дека еден возач извршил неправилно престигнување, две лица не користеле сигурносен појас при управување на возилото, а тројца возачи зборувале на мобилен телефон.
За неправилно паркирање издадени се 24 мандатни налози, а писмено опоменати се осум возачи.
На 42 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 11 прекршочни налози.
При контролата откриени се и други 13 видови останати прекршоци.
На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден се случила една сообраќајна незгода од која две лица се здобиле со телесни повреди.






