Press "Enter" to skip to content

Хорот на православната црква “Св. Петка“ од Рокдаел Сиднеј дел од концерт во Сиднејската опера Хаус

Деновиве во сиднејската “Опера Хаус“ концерт одржа рускиот црковен хор “Ромка“ во чест на десет годишнината на формирањето, а како гости настапи хорот на  православната црква “Св. Петка“ од Рокдаел Сиднеј кој се претстави со своја програма. Уште настапија и хорот на српската православна црква ерменската и руската. За “Ромка“ научивме дека е многу познат и успешен имаат настапувано во многу земји во светот составен од околу 20-тина мажи.Салата беше преполна со гледачи претежно во најголем број Руси населени овде. Нашите млади момци и девојки од хорот на црквата “Св. Петка“ најпрво со неколку црковни песни и потоа имаше музички дел кој привлече најповеќе внимание со настапот на убавата Маја Наумовска со нејзиниот ангелски глас и песната “Зајди Зајди јасно сонце”. Салата ечеше од аплаузи, а публиката ја поздрави нејзината изведба.Инаку, нашиот хор постои околу 2 години многу се посветени во работата, а лидер на хорот е Шон Стојковски кој студира теологија со цел да стане свештеник. Хорот секој понеделник има црковни предавања, а секој вторник и среда имаат црковно пеење за да бидат подготвени за нивните настании, а на концертот во Сиднејската“Опера Хаус“ беа совршени и на Македонците не направија да бидеме горди што ги имаме и што не претставија како нација пре преполната сала.

Славица Марцевска

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »