-Македонски мајстор во повеќе боречки вештини Ѓуро Илиќ од Битола доби сертификат од Јапонската будо меѓународна федерација за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан во џиу џицу.
-Промоцијата е направена во јапонскиот град Танабе (родното место на таткото на аикидото Морихеј Ушеиба), каде што се одржува светски семинар за боречки вештини.
Мајсторски појас 10 дан во џиу џицу е признание кое малкумина го добиле на овие простори и Европа, затоа напиот сограѓанин Ѓуро Илиќ ја заслужува сета почит не само од спортската туку од целата јавност во Битола и Македонија и пошироко. По тој повод разговаравме со Илиќ за ова негово големо признание, а на почетокот на разговорот ни рече:
-Прво сакам да кажам дека будо центарот Пелистер е единствен претставник во јапонската будо меѓународна федерација што е голема чест одговорност. На третиот светски семинар кој се одржа во Танабе, Јапонија, а сакам да појаснам и дека во Тамабе е роден таткото на аикидото Морихеј Ушеиба. Јас таму бев промовиран и секако поканет лично да присуствувам и да предавам, и го добив највисокото звање, црвен појас. Морам да кажам дека тоа е во рамките на оваа меѓународна организација е единствен црвен појас, десетти дан и оправдано е да кажам дека е чест и задоволство, но и обврска и во иднана да продолжам и да се посветам уште повеќе, максимално, во границите на моите можности за промоција и афирмација на вештините кои ги работам повеќе од педесет години, прво џудо, потоа реален аикидо и џиу џицу.
За тоа што лично претставува овој црвен појас, сега веќе мајсторот десетти дан, Ѓуро Илиќ вели:
-Лично за мене оваа промоција и доделување на црвениот појас за мене е остварување на еден младешки сон кој го сонував преку мојата максима денес да се биде подобар од вчера. Јас можам слободно да кажам дека во овие изминати 55 години секој изминат ден бев подобар од вчера, а тоа го правев доста успешно. Мислам и дека мора да се продолжи и после почетоците во 1969 година кога започнав да се интересирам за боречките вештини. Овој момент ја работам мојата 51 година како тренер во боречките вештини. Во сите овие децении работа не беше главна цел појасот, туку на прво место беше работата, тренинзите, семинарите, предавањата… А, појасот си дојде како награда за се што се работеше и лична сатисфакција за вложениот труд, кој не мал. Покрај 7.000 ученици во Битола кои “поминале низ мои раце“ и вежбале со мене, имам уште толку низ Македонија и надвор.

-Комисијата која ми го додели највисокото признание посебна ја ценеше мојата издавачка работа која се состои во 30 дела. Имам објавено петнаесетина книги и брошури и видеа и списанија, додава Илиќ кој упати и порака за младите не само во боречките спортови, туку во сите спортови:
-Во секоја работа, во секој спорт прво да се “влезе“ со љубов, резултатите ќе доаѓаат со псветеноста. Со секоја поминара години кога се вложува работа, љубов, посветеност ќе доаѓаат и признанијата, а кога ќе се дојде го години како што сум јас сега со многу искуство и зрелост ќе дојдат и големите и вредни признанија кои ќе ја заокружат спорстката кариера. Но, тое признанија не значат да се прекине со работа, а за мене и сега и максимата е да бидам подобар од вчера.
Сашо Ристевски











