Press "Enter" to skip to content

Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето

Членот на Македонската боксерска репрезентација, боксерот Ален Рустемовски од Битола член на боксерскиот клуб Пелистерски јунак не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство. Тој загуби во полуфиналето од Украинецот Аидер Абдураимов по судиска одлука, 4:1 во корист на Украинецот.

Рустемовски и со самиот пласман во полуфиналето и освојувањето бронзен медал, и ова е за него најдобар резултат на Европските првенства, а овој медал ќе има и историја бидејќи е освоено за Макадонија по две децении. Тој неодамна освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто. 

Рустемовски настапот на шампионатот го заврши со три победи во исто толку исклучително тешки борби, а на патот до медалот успеа да ги совлада и двајцата главни фаворити во својата категорија.

More from СпортMore posts in Спорт »