Press "Enter" to skip to content

“Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 35:24 (16:12)

Екипата на Еурофарм Пелистер влезе во градското-братско дерби во салата „Боро Чурлевски“ во рамки на Суперлигата на Македонија, како фаворит и на крај ја оправда улога и славеше над Еурофарм Пелистер 2 (35:24) полувреме.

Очекувано, екипата на Лино Червар запиша нова суперлигашка победа против „помалиот брат“, а се реши за „македонска постава“ на Еурофарм Пелистер, одново не сметаше на Видомски, Колаковиќ и Котар, а Татар, Граховац и Басанесе немаа голема минутажа. Во составот на Еурофарм Пелистер 2 недостигаа Стојков, Димевски, Симоноски…“Двојката“ на Бранче тргна одлично, Младенов бранеше во серија, а му фати пенал на Кузмановски и водеа момците на Бранко Ангеловски со по два гола во повеќе наврати.Имаа и плус три, 7:4 откако погоди Дамчевски, пред Кузмановски и Серафимов да ги земат работите во свои рацеи првиот битолски состав направи голем пресврт со четири гола во серија, 8:7. Беше 9:9, пред одново да „нагазат“ постарите браќа и до паузата обезбедија солидна залиха за второто полувреме, 16:12.Во второто полувреме немаше многу возбудувања на теренот, шанса за настап добија скоро сите ракометари во двата тима, а на крајот славеше вицепрвакот со 11 голови. Во еден момент од мечот, Еурофарм Пелистер достигна и двоцифрен плус (29:19), тоа беше на петнаесет минути пред крајот и успеа да го задржи на семафорот.Калајџиески даде шест гола за победничкиот состав, а пет погодоци запиша Серафимов. Во составот на Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Митревски со осум и Ѓоргиевски со четири погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »