Press "Enter" to skip to content

Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала

-Општина Битола и РК Еурофарм Пелистер ќе ја отворат фан зоната „ОСМИОТ ИГРАЧ“ посветена на 41 година од постоењето на навивачка група “Чкембари“.

Зелен килим, музика и диџеј, навивачко шминкање, 360° камера, клупски производи. Освен тоа и зона за најмладите, храна и пијалаци. Заедничко одбројување пред да влеземе во салата. На терен се седум, а осмиот е на трибините.

Вистинско изненадување подготвуваме во чест на оние што 41 година покажуваат што значи да се биде зад својот клуб и 41 година со „Пелистер“.

В среда во 18:00 часот на европската вечер, пред да почне натпреварот в сала, тој ќе почне на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.