Press "Enter" to skip to content

РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК

Тимот на инженери од РЕК “Битола“ на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК која се одржа викендов во Струга беше предводен од Александар Мурговски, претседател на Надзорниот одбор и Иван Куковски, директор на РЕК “Битола“, кој беше и дел од организациониот одбор на Коференцијата. Меѓународната конференција беше посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија и одржлив развој. Тимот од РЕК “Битола на оваа традиционална меѓународна конференција, на Здружението на енергетичари на Македонија,  пред релевантни енергетски компании, претставници од индустријата, истражувачките центри, универзитетите и останати субјекти, како и експерти од земјата и странство, ги презентираше клучните енергетски проекти кои во наредниот период ќе ја трасираат енергетската иднина на земјава.Настанот е посветен на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија и одржлив развој, нудејќи реална платформа за идентификација на соодветни механизми за надминување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите, инвеститорите и корисниците во земјата и регионот. Тематските области на конференцијата се однесуваа на предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, особено компаниите, инвеститорите и корисниците.