-Општина Битола и РК Еурофарм Пелистер заедно со спонзорите Еурофарм, ЗК Пелагонија, Пелистерка, Здравје Радово… организираа фан зона насловена „ОСМИОТ ИГРАЧ“ посветена на 41 година од постоењето на навивачка група “Чкембари“.
Зелен килим, музика и диџеј, навивачко шминкање, 360° камера, клупски производи, како и зона за најмладите, храна и пијалаци, а на крај заедничко одбројување пред “Чкембарите“ са влезат во салата.
-На терен се седум, а осмиот е на трибините, е пораката која сите ја пратија од бината в0 фан зоната пред спортската сала во Битола.
Сето тоа во чест на оние што 41 година покажуваат што значи да се биде зад својот клуб и 41 година со „Пелистер“.
А, за крај, секако, роденденска торта, заедно со неформалната химна на навивачите “Ако одам во Битола“ испеана од Димитар Андоновски.
Текст и фото: Дамијана Ристевска










