Еурофарм Пелистер – Логроњо Ла Риоха 24:31 (8:16)
Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола со непланиран пораз ја отвори Европската лига на ЕХФ, загубија од Логроњо Ла Риоха (24:31), шпанскиот ривал кој не беше некоја величина пред почетокот на натпреварот.
Јунак на натпреварот беше голманот на гостите, Жоан Ледо, кој забележа одлични 20 одбрани, а кога е така нема друг избор за другиот тим, освен пораз, а тоа им се случи на битолчани. Ледо покрај одбраните, постигна и три гола од “гол на гол“ кога Пелистер играше 7:6.

Публиката во Битола која традиционално ја наполни спортската сала виде лош почеток на “пелистерци“, а тоа можеби беше и одлучувачки во однос на резултатот. Гостите отворија со 0:5, а Пелистер пота “го бркаше“ но забележавме катастрофален напад, а Ледо имаше девет одбрани во 20 минути.
Во првиот дел на првото полувреме беше 4:13, на паузата се отиде со 8:16. Најголемиот проблем на битолчани во првиот дел беше слабата реализација. Еурофарм Пелистер погоди само 8 пати од 23 обиди, додека гостите постигнаа 16 гола од 23 удари.
Вториот дел започа без некоја нова иницијатива на Пелистер, а во вториот дел, константно плусот за шпанскиот гостин беше осум до девет разлика.
Самоил Ристевски погоди за 16:24 во 42. минута, но потоа гостите повторно ја зголемија разликата. Во 45. минута на семафорот стоеше 17:25. Во последните 15 минути, во кои гостинот имаше и првпат двоцифрена разлика (17:27).
Ла Риоха ги приведе кон мирен финиш и изненадувачка победа на гости во Битола. Битолчани во последните минути од проверениот тек направија серија од 4:1 и намалија на 21:29 во 53. минута, но ништо од евентулен пресврт. Немаше ниту намалување на разликата.
Во второто полувреме, двата тима останаа без клучните играчи во одбраната, Ник Хенигман од Еурофарм Пелистер (доби син картон) и Иван Поповиќ од Ла Риоха (три исклучувања, црвен картон).
Кај Еурофарм Пелистер по четири гола дадоа Ристески и Петар Атанасијевиќ, а Кајалџиески даде три гола.
Најдобар стрелец кај Ла Риоха на овој натпревар беше Алваро Мартинез со шест гола, но дефинитивно прво име беше голманот Хоан Ледо со 20 одбрани од 45 упатени удари кон неговиот гол.
Во следното коло на Европската лига кое се игра на 6 октомври, Еурофарм Пелистер гостува кај Гдањск во Полска.
Пред натпреварот на платото пред спортската сала беше поставена фан зона во знак на 41. роденден на “Чкембари“.
Фото: Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска
Линк за фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo?fbid=1728955062276646&set=pcb.1728958732276279









