Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец возел со 1.56 промили алкохол во крвта, друг битолчанец нападнат од неговата партнерка во Маврово

На 03.10.2026 во 03:21 часот на ул. „Новачки Пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Г. (40)  од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „шевролет“ со странски регистарски ознаки управуван од А.Г., при што констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.56 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.10.2026 во 16:55 часот во ПО Маврово, 36 годишник од Битола пријавил дека на 01.10.2026 околу 22:30 часот во изнајмена викенд куќа во нас. Крстови 2, по вербална расправија бил физички нападнат од неговата партнерка на возраст од 24 години од Кочани, која го удрила со стаклено шише во пределот на десната потколеница. Потоа, околу 23:30 часот во апартман во нас. Маврови Анови, при обид да ја земе парнерката, пријавителот бил нападнат од друго лице, кој му се заканил со остар предмет, а подоцна од викенд куќата бесправно му биле одземени мобилен телефон и облека. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.