Press "Enter" to skip to content

Нова победа на “двојката“ во Битола, поразен Куманово (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 36:30 (16:15)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола им се врати на победите во ракометната Суперлига и на домашен терен во Битола го совлада Куманово со 36:30. Тоа е втора победа,  прва на домашен терен. Победникот беше одлучен кога тимот на Бранко Ангеловски на второто полувреме, по 16:16, дојде до +5 (21:16), а таа разлика се шокажа како недостижна и без место за пресврт.

Првото полувреме Еурофарм Пелистер 2 во најголемиот дел од првото полувреме имаа контрола на играта и резултатот. Во првиот дел пелистерци водеа со 6:3, а Куманово израмни на 6:6. И домашниот голман Младенов забележа неколку одбрани во серија, па Еурофарм Пелистер 2 одново отиде на +3, а потоа и до највисоки +4 (16:12).  Со резултат 16:15 се отиде на пауза, после серија 0:3.Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 повторно заигра одлично. Ангеловски се одлучи за напад со седум ракометари, а предноста полека се зголемуваше. Со таква игра битолчани без поголеми проблеми ја сочуваа предноста и славеа со конечни 36:30.За Еурофарм Пелистер 2 ова беше втора победа во пет одиграни натпревари.Кај Еурофарм Пелистер 2 најрфикасни беа Симоновски со осум гола и Димевски, Лозановски и Гутиќ со по шест постогнати гола.

Фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1732114271960725&set=pcb.1732114921960660

More from СпортMore posts in Спорт »