Значајна самостојна изложба на ликовниот уметник Владо Ѓорески од Битола во GMAP, Уметничка галерија-музеј „Процедементум“ Мадрид и МАПА – Музеј на апстракција – Монтиља (Кордоба), Шпанија
По успешната самостојна излжба на ликовниот уметник Владо Ѓорески во Солун, деновиве е организирана и отворена негова самостојна изложба насловена „Циклус – Магнификат (2025–2026)“ во GMAP, Уметничка галерија-музеј „Процедементум“ Мадрид а подоцна во МАПА – Музеј на апстракција – Монтиља (Кордоба), Шпанија.
Претставени се околу педесеттина дела за кои иницијаторот на оваа излжба и истакнатиот шпански ликовен критичар, есеист Педро Пабло Галардо Монтеро истакнува:-„ Циклусот Магнификат (2025–2026) е апстрактно уметничко истражување структурирано во четири поглавја кои симболично се однесуваат на основните елементи: вода, воздух, оган и земја. Идејата не е ограничена само на уметничка естетика и визуелизација, туку воведува и специфичен филозофско-уметнички концептуализам. Визуелниот, линеарниот и композицискиот материјал служи и за претставување на емоционална состојба на лиризам, мистерија и метафизичка интуиција. Артикулирана преку симболична апстракција која се однесува на идејата за дематеријализација и проширена перцепција на времето. Делата се манифестирани преку апстрактен експресионизам, карактеризиран со интензитетот на бојата како симбол на витална енергија, трансформирана преку асоцијативен експресионизам, со навестувања на апстрактен линеарен состав што ја евоцираат материјата како простор на имагинарен и релативен а често и илузорен простор во кој опстојува единствено исконска метафора“…
За истакнување, од особена важносте и тоа што – Музеј на апстракција, издава годишно списание посветено на еден истакнат светски автор. Во јануари 2027 година ќе биде промовиран деветнаесеттиот број на списанието Revista Procidimentum целосно посветено на творештвото на Владо Ѓорески на повеќе од сто страници. Списанието ќе биде претставено и промовирано и низ други ликовни центри во меѓународен контекст, како едно од поистакнатите публикации од овој вид со широко творечко и културолошко значење.











