Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го победи Куманово во Битола

Еурофарм Пелистер – Куманово 36:23 (18:11)

Денес во Битола Еурофарм Пелистер го “отвори“ шестото коло од Супер лигата и славеше убедлива победа над Куманово од 36:23, полувреме 18:11, во натпревар во кој домаќинот ја оправда улогата на фаворит.

Куманово имаше сила и квалитет да им парира на “пелистерци“ само до седмата минута (4:4), а кои имаа и нова серија голови и се одлепија на пет гола разлика 11:6. Еурофарм Пелистер ја зголемуваше разлиакта и на паузата замина со 18:11.

И второто полувреме помина во знак на Пелистер, а веќе во воведните минути стигнаа до двоцифрена предност. До крајот беше само рутина и тоа значеше само победа 36:23.

Кај Пелистер најефикасен беше Филип Кузмановски со седум гола, Петар Атанасијевиќ постигна шест, пет пати погоди Рудолф Хагбарт. 

More from ВестиMore posts in Вести »