Press "Enter" to skip to content

Општина Битола дел од регионалниот форум на граѓански организации за праведна транзиција

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје.Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се обрати во воведните излагања, заедно со заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ и Јохан Шмит, претставник на Интернационалниот центар Олоф Палме од Шведска.Секретарот Димитровски пред присутните, во двојно својство, како претставник на општинската администрација и заменик претседавач на ЛЕСС (Локален економско социјален совет) Битола, ги претстави најновите проекти кои општината ги реализира во овој период – новиот проект со „Energy Community“, преку кој се подготвува платформа или мапирање на сите потенцијали за обновливи извори на општината, како и неодамна потпишаниот меморандум во Будва, со кој и практично се става акцент на Индустриската зона Жабени.  Двата проекти, ја ставаат Битола високо на мапата на региони, каде што општината, во своите законски рамки, работи на спроведување на капацитети и зелени решенија за нејзината иднина. Димитровски ја посочи и важноста на ЛЕСС Битола, како тело кое што цврсто придонесува за подобрување на економската и социјалната состојба во Општина Битола преку дијалог и соработка меѓу локалната самоуправа, работодавачите и синдикатите.

На Форумот учествуват релевантни претставници на граѓански организации, институции и други чинители од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија. Форумот овозможи размена на искуства и добри практики од регионот, како и дискусија за улогата на локалните институции, граѓанското општество, ЛЕСС, синдикатите и останатите учесници во процесот на Праведна транзиција.