Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 34.27 (17:10)
Вечерва во Битола ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија важна победа во битката за плеј-офот во Супер машката лига, го победија Тиквеш со резултат 34:27, полувреме 17:10. Со оваа победа младите ракометари се на делба на шестото место на табелата со седум бода.
Натпреварот започна со добра и борбена игра на домашните кои отворија со водство од 4:0; На средина на полувремето беше 7:1. Тиквеше имаше свои минути и намали на минус четири. Следуваше тајм-аут на Бранко Ангеловски по што се се врати на стариот колосек. Гутиќ, Димевски, Дрогришки… погодуваа, голманте одбранија пенали, па Еурофарм Пелистер 2 си ја врати на 15:8. До паузата имаше уште по два гола на двете страни и на одмор се замиина со резултат, 17:10.
Второро полувреме започна си гол на Тиквеш за 17:11, а потоа одлична игра на Пелистер, а разликата беше плус девет, 20:11.
Потоа се дојде и до двоцифрена разлика, 28:18, а немаа гостите никаков избор освен пораз во Битола. Ангелевски им даде шанса на повеќе ракометари.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беше Давид Димевски со девет гола од десет обиди и Кристијан Симоноски со седум погодоци од девет обиди. Четири запиша Христијан Митревски.
Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1749315883573897&set=pcb.1749316716907147










