Денес, среда, 21 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидро метеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степени.
Утре, четврток, 22 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со можност за повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 23 степени.






