Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер како на тренинг, го победи Младост во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Младост 36:21 (16:6)

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ дојде до лесна победа против Младост 1977 од Богданци со резултат 36:21, полувреме 16:6, во натпревар од 8. коло на Супер лигата.Еуеофарм Пелистер како и се очекуваше против екипата повратник во Супер лигата имаше водство во текот на целиот натпревар и до сигурна победа, а тренерот Червар им даде шанса на повеќето ракометари од неговиот тим.Најдобар стрелец на мечот беше Филип Кузмановски со седум гола, додека Цветан Кузманоски имаше шест постигнати гола, пред Серафимов и Атанасијевиќ со по пет гола. Еурофарм Пелистер во Суперлигата по осум кола има седум победи и едно реми, додека неговиот следен ривал Вардар 1961 е првопласиран со максимален скор и осум победи на осум меча.Сега Пелистер има 15 бодови и се наоѓа веднаш зад Вардар кој е на лидерската позиција, а двете екипи ќе се соочат во вечното дерби на македонскиот ракомет наредната сабота во Скопје.

Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1754592966379522&set=pcb.1754593829712769

More from ВестиMore posts in Вести »