Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј 3:0
(25:16; 25:16; 25:22)
Одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола во спортската сала на Медицинското училиште го одигра првиот натпреавр пред својата публика и го доби убедливо, со максимален резултат 3:0, по сетови (25:16; 25:16; 25:22).
Битолчанки беа фаворити и пред почетокот на натпреварот, а резултатот по сетови кои убедливо ги добија само го потврија тоа.
Девојките на Пелистер Волеј не дозволија ни малку резултатски да им се доближат противничките.

-Денес на домашен терен одигравме рутински и очекувано против екипата на Фит Фан Волеј од Скопје, во натпревар во кој покажавме надмоќ и остваривме максимална победа од 3:0. Ова беше и наша промоција на новиот тим пред нашата публика од која се надеваме дека ќе биде со нас и оваа сезона, а ние ќе се потрудиме со добра игра и добри резултати да им возвратиме, рече тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.
Битолчани имаа прилика за прв пат да ги видат на терен новите странски засилувања од кои тимот и публиката многу очекуваат.
Да се присетиме дека во првиот натпревар Пелистер Волеј загуби на гостувањето во Струмица, а за необјектовното судење на тој натпревар, посебно во одлучувачките поени клубот достави приговор и видео снимки.
Текст и фото: Дамијана Ристевска
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1754617123043773&set=pcb.1754619449710207








