Попладнево во “Бар Општина“ во Битола беше промовирана книгата “Скопскиот атентат“ на д-р Зоран М. Доревски, а органзатор беше книжрницата “Bookʼs House“ од Битола.
Книгата е монографската студија која отвора нов поглед кон еден од најзначајните и најзагадочни настани во поновата македонска историја, атентатот врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
На почетокот на промоцијата зборуваа рецензентот на книгата проф. д-р Цане Мојановски кој рече:
-Тешко е во неколку реченици да се доловат главните карактеристики е особено тешко заради тоа што мојот почитуван колега и студент од факултетот за безбедност на докторски студии Зоран Доревски пред вас вечерва има намера да ви ја приближи книгата која се појави во македонски книжевен простор, а е посветена на скопскиот атентат. Книгата е за еден настан кој пред 31 година ја потресе македонската јавност. Тогаш се отвориа бројни прашања за тоа кој пукаше во претседателот и дали пукањето на првиот претседател на Македонија беше и пукање во Македонија. По овој настан развојот на Македонија продолжува во различни патеки кои што можевме да ги практикуваме во првите години по осамостојувањето на Македонија и во дефинирањето на нејзиниот развој. Да се истражува и пишува за кривично правни настани кои се особено сложени и претставуваат своевиден политички гамбит во кој што се оспреплетени разните страшешки, геополитички и регионални политички, културни и други интереси е особено захтевна и храбра одлука и осбено неблагодарна работа. Доаѓањето со сознанија, факти со кои што можете да одговорите на тоа прашање е особено тешко, затоа што еден значителен дел од носителите на актовнотите и процесите кои се случувале во тој период се упте се значајни во општествениот развој и ги држат центрите на моќта, а еден дел од податоците се испреплетени со разни форифортификациски препреки од типот на државна или службена тајна. Смислата на ваквите академски анализи не е да ја заменат судската вистина ниту институционалната одговорност, туку да создадат поширока аналитичка рамка во која расфрланите факти, сведоштва и настани ќе бидат доведени во логична врска и ќе овозможат подлабоко разбирање на сложените историски процеси.
Според Мојановски авторот прави одлична споредбена анализа на атентатите кои се случите во споредбениот период на Балканскиот полуостров и ги бара заедничките нишки во овие настани.
На промоцијата зборуваше и проф. д-р Драги Наумовски кој го има напишани првата докторката тема за атентати, кој рече:
-Јас сум првиот кој што ја прочита оваа книга во печатена верзија, пред мене ја прочитаа рецензентите, но кога излезе од печатница ја прочитав во еден здив. Со месеци на авторот му вршев притисок да ја напише оваа книга, откако во неколку наврати даваше изјави по медиуми. По последниот медиумски настан го повикав и му реков дека назад нема, многу работи кажа, стравот е разбиен, седни напипи ја книгата бидејќи вака не добиваш ништо, а губат од вредност сознанијата до кои си успеал да дојдиш. Посебни ми е чест што ние сме генерација од факултет, шеста генерација на факултетот за безбедност, генерација која што даде голем допринос, заедно со генерациите пред нас и после нас во изготвувањето на оваа книга. Доревски ми беше советник, и ментор, и рецензент кога ги пишував мојот докторат посветен на атентатите.
-Сите наши напори во обезбедување на информации се запишани во оваа книга, а оваа книга не е судски епилог, а кога ќе је прочитате ќе донесете свој заклучок за овој настан. Среќен сум и радосен што колегата Доревски стави крај, но не е така, бидејќи ќе се појават уште многу информации, документи, податоци поврзани со атентатот на Глигоров, и затоа претлуствувам дека ќе има и продожение на оваа книга.
Авторот на книгата Доревски во обраќањето пред присутните рече дека ми е мило што денес е во Битола, што има можност да ни ја претстави и се пофали, како рече, дека корените му се од Битола, а неговиот татко е роден битолчанец, кој после војната се исели во Скопје.
-Оваа книга се пишувала долг период 0д 30 година, а првиот запис е напавен во 1996 година, кога после атентатот Германија не извести дека ќе испрати помош на три нивоа, а како дел беше една стипендија во Германија каде бев упатен јас. Таму ги направив првите забелешки кои кога се вратив во Македонија ги проверив кај одредени линии на комадување во МВР. Кога ги проверив ми беше кажано дека имало план за затворање на трите правци и локални патишта, како и железникиот сообраќај после атентатот, а не било постапено по тој план, затаила командно комуникациска линија. Тогаш ги запишав тоа, а беше полеток на мојата приватна истрага која ја водев 30 години. Потоа многу забелешки направив 1998 кога се собраа многу информации после понудената награда од еден милион германски марки, рече Доревски.
Авторот пред присутните презентиташе презентација за тоа што се случуваше во 9,43 часот, кога е случен атентатот, а тоа се гледа по часовниците на Глигоров и неговиот возач. Кој бил мотивот? Кој го организирал атентатот? Кои биле извршителите? Што открива техниката на нападот? Зошто истрагата потфрли и зошто клучните прашања останаа без одговор повеќе од 30 години? Тоа се прашања и одговори што ги исцртуваат страниците на книгата. Авторот, врз основа на бројни документи, индиции и сведоштва, нуди аналитичка реконструкција на настанот и ново согледување на случајот се вели во најавата. Без да ја презема улогата на обвинител или судија, тој ги става фактите пред читателот, ја реконструира можната слика на настанот и му дава можност и самиот да носи заклучок, а тоа е мотив плус да се купи и прочита книгата.
Модератор на настанот беше Јулијана Делев, сопственик на книжарата “Bookʼs House“ од Битола.
Инаку, атентатот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата Македонија пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Во автомобил „цитроен ами 8“ беа скриени 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата Македонија го забавило едно „фиќо“.
Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1762752895563529&set=pcb.1762753758896776










