Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец возел прво бил со 3,23 по два дена со 3,50 промили, осумдневен притвор за 29-годишен возач

Осумдневен притвор му е одреден на Х.Ј. (29) од Битола, кој за помалку од 30 часа два пати бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил под дејство на алкохол. При првата контрола му биле измерени 3,23 промили, а при втората 3,50 промили алкохол во крвта, според полициските информации.

Првиот случај бил регистриран на 7 ноември во 21:30 часот, на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Полициски службеници од СВР Битола запреле Mercedes со битолски регистарски ознаки. Откако му биле измерени 3,23 промили алкохол, тој бил лишен од слобода.

На 9 ноември, во 02:41 часот, истиот возач повторно бил запрен, овојпат на улицата „Партизанска“ во Битола, додека управувал Mercedes со битолски таблички. При проверката му биле измерени 3,50 промили алкохол во крвта, по што повторно бил лишен од слобода.

Според дополнително доставената информација, за двата настана станува збор за истото лице, на кое му е одреден притвор во траење од осум дена, соошштуваат од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »