Press "Enter" to skip to content

На УКЛО Битола мастерклас на тема: „Одржливата иднина се создава поинаку од денес“ (фотогалерија)

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја одржува четвртата Годишна меѓународна конференција на тема: „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“.Во рамки на програмата, во Студентскиот информативен центар на УКЛО, под боите на Алијансата КОЛОРС, се одржа и посебен мастерклас на тема: „Одржливата иднина се создава поинаку од денес“.

На мастеркласот што го водеше професорката, Рената Петревска Нечкоска со учество на раководителката на УКЛО КОЛОРС, професорката Јасмина Буневска – Талевска, во фокусот беа прашања посветен на улогата на младите и студентските медиуми во промовирањето на Целите за одржлив развој на Обединетите нации.Преку претставувањето на студентскиот магазин УКЛО КОЛОРС и списанието “Калеидоскоп“, учесниците имаат можност да се осврнат кон моќта на младинскиот глас како алатка за информирање, едукација и поттикнување позитивни општествени промени.

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1778534870651998&set=pcb.1778535707318581

More from ВестиMore posts in Вести »