Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Битола одбележан Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет (фото)

-И во 2016 година Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ Битола и Здружението за хуманитарни дејности Лајонс Клуб „Кабадаја“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Традиционално учениците од битолските основни и средни училишта, заедно со деца од Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ одржаа Дефиле низ Широк Сокак.-Нашата установа секојдневно иницира активности за децата со пречки во развојот да бидат вклучени во сите сфери на општеството, да бидат социјално интегрирани. За жал дел од децата немаат пристапи во институции каде нема пристапни рампи и други помали или поголеми проблеми со кои се соочуваат нашите 75 ученици, а ги има од цела држава, истакна тогаш, во 2016 година, Маре Стојменовска Мицевска, директорка на Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“-Битола.Хуманитарниот настан „Обоиме во пријател“ во Битола се организира осум години по ред, а проектен носител е Лајонс клубот „Кабадаја“.-Нашата основна цел е да се зголеми свеста за еднаквост односно сите сме исти и нема меѓу нас различности. Сакаме децата да бидат сплотени и социјализирани, истакна Андријана Шокларовска, тогашниот координатор на проектот, членка на ЛК „Кабадаја“.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »