Со свечен концерт на хорот на СЗ ”Триглав” од Битола, кој се одржа во ОМУ “Методи Патче“ е одбележан словенечкиот културен празник “Прешернов ден“ во Охрид.Хорот “Триглав“ концертот го одржа под уметничко раководство на проф. Марина Коруновска и во пијано придружба на м-р Александра Јанковска.На концертот се обрати и амбасадорот на Репубика Словенија, Н.Е. Милан Јазбец, како и претседателката на СЗ “Триглав” Тања Франц.Хорот е формиран во 2010 година и покрај редовните настапи во државава и во Словенија настапувал и во Србија, а посебно забележителен е концертот во Виена минатата година.Оваа година се подготвуваат за два концерти во Хрватска и Словенија, а сите настапи се остварени со поддршка на канцеларијата на Владата на Словенија за Словенците во соседството и по светот.
Битолскиот хор “Триглав“ настапи на “Прешернов ден“ во Охрид (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4
- Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“
- Вечерва се одржа хуманитарна вечер со македонски автори во “Book’s House“ во Битола (фотогалерија)
- Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4
- “Галеб“ од Чехов, утре, премиерно во Народен театар Битола