На првата седница на новиот Управен одбор на ракометниот клуб Пелистер, кој се одржа вечерва, за нов претседател е избран Васко Ковачевски, пратеник во Македонскиот парламент.
Во телефонскиот разговор Ковачевски ја потврди одлуката на Управниот одбор и најави дека идната седмица, најверојатно во среда, ќе се одржи прес-конференција на која тој и неговиот тим кој ќе го води клубот, ќе ги соопштат плановите и амбициите на ракометниот клуб Пелистер.
Во тимот на Ковачевски ќе бидат уште: Сашо Шамбевски – извршен директор, Борче Корлевски – технички директор и Сашо Јанкуловски – секретар на клубот.
За нов спортски директор е назначен Златко Димитровски, поранешен ракометар на Пелистер.
За технички секретар е назначена Ана Трифуновска.






