Со поетско читање на дела од македонски автори на тема ,,љубов” во гимназијата ,,Јосип Броз Тито” – Битола, на пригоден начин беше одбележан 21 Март – ,,Светскиот ден на поезијата”.
На литературното читање се претставија учениците од II-6, кои својот час со класниот раководител Жанета Наумовска го одржаа во училишната библиотека.
Песните од познатите, македонски автори на современа поезија ги читаа: Јована Чуруковска, Наталија Марчевска, Бесјона Јусуфи, Ангела Николовска, Костанца Споа и Сара Стојановска, а настанот го водеа Јована Станојовска и Анастасија Арсова, кои од своите соученици добија громогласен аплауз.
За значењето на поезијата беше презентирана аудио снимка од Влада Урошевиќ, а за успешноста на овој поетски настан, на присутните им се обрати и училишниот библиотекар м-р Драган Ристевски, кој на сите учесници им подари книга за сеќавање на овој ден.
Сара Стојановска

“Светскиот ден на поезијата” одбележан во “Горната гимназија” (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026





