Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО и одбележување на 40 годишниот јубилеј, на 19 април 2019 година, по четврт пат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот на тема 40 години УКЛО: Дигитална (р)еволуција.
Натпревар во ораторство или “УКЛО ТРИВИУМ“ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување.
На натпреварот секој учесник треба да го ограничи својот говор до максимум 4 минути, г оворите коишто ќе се интепретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани и да има задолжителни компоненти на говорот: Вовед (10-20 проценти од целиот говор); Разработка на говорот (најдолгиот и најважниот дел на говорот) и Заклучок (5-10 проценти од целиот говор); Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати и говорите треба да бидат напишани и изведени на македонски јазик.
Конкурсот е отворен до 10 април 2019 година.