НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, НУ Народен театар – Битола и Детската градинка „Естреја Овадија – Мара“ – Битола заеднички го одбележуваa Светскиот ден на литература за деца, со читање на приказната “Грдото пајче“ од страна на глумецот Никола Пројчевски, вработен во Битолскиот театар.
Прикаската “Грдото пајче“, која одлично им ја пренесе Никола Пројчевски, ја слушаа и уживаа во неа, прекрасните дечиња. Тие направија одлична атмосфера, заедно со нивните воспитувачки и негователка Анета Атанасовска, Елисавета Пауновска, Билјана Трајковска Вуковиќ и Лилјана Јанкуловска.
Инаку, во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, (роден на 2 Април 1805 година) се слави Светскиот ден на литературата за деца, со цел да се промовира книгата за деца и читањето.
Од 1967 година па наваму, на овој ден, се потсетуваме на големата потреба да се сврти вниманието на јавноста за значењето на книгата за деца и да ги мотивираме децата да читаат од најмала возраст.

Никола Пројчевски на дечињата им ја прочита “Грдото пајче“ и го одбележаа денот на детската литература (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)





