Битолската специјална болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ во текот на сите години на своето постоење и посебна посветеност кон пациентите се вбројува во една од докажано најдобрите во Битола, регионот и пошироко.
Овој свој успех го должи на посветеното и пожртвувано работење на целиот медицински персонал и тоа тим на врвни доктори, специјалисти во посебни области, потоа високо квалитетен и обучен медицински персонал по светски стандарди.Целиот тим постојано се надоградува посетувајќи најразлични обуки, едукации и доедукации во своите области покрај редовните специјализации. Исто така тука се научните конференции, конгреси и семинари. Болницата “Плодност“ располага со најсовремена медицинска технологија која и постојано ја надоградува и набавува.
Битолската специјална болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ посебно се истакнува со својот најсовремено опремен Центар за ИВФ и асистирана хумана репродукција кој во во своето работење ги применува најсовремените светски методи. ИВФ тим кој работи тука Вашиот сон го претвора во реалност.Во ИВФ центарот на болницата “Плодност“се воведуваат и нови анализи како дополнителен дијагностички параметар во лечeњето на инфертилитетот.
Секако еден од најважните параметри за успешно работење беспрекорната хигиена и услови за рзбота на високо ниво по светски стандарди.Посебен однос и посветеност кон секој пациент.
Докажано најдобра, болница „Плодност“!