Најдобриот македонски мото кросист, битолчанецот, Христијан Илиовски – Кико, утре нема да биде дел од прославата во организација на мото федерацијата на Македонија. Мото федерацијата утре во хотелот “Александар Палас“ во Скопје ќе го прослави својот 10 роденден.
Кико во своето обраќање преку фејбук, синока, нагласи дека не сака да биде дел од прославата поради повеќе причини. Еве што му порача Кико на мото федерацијата и на лицата кои ја водат:
-R.I.P МФМ. Јас јавно не ја прифаќам оваа поканa, постојат многу причини. Јас нема да учествувам за мене е уште едно мачкање на очи. Прво дали мислите за 10 год. има со што да се пофалите. Јас сум без ваша помош 10 год. а имам за вас многу напраено и затоа си земам за право да ви кажам ова е само уште еден нов ЦИРКУС кој го правите со прескокнување по потреба. И сите што ќе присуствуваат го нејкат мотоспортот, а посебно мотокорсистите кој се во поголем број. Да ве видам сега оти наместо тркачи ќе бидите едни големи КЛОВНОЈ.
НЕМАТЕ во 2017 ни една трка, патеки да не зборам, 10 години без помош без услови, абе последни, никакви, на сите му сме смешни и ко ќе донесиме резултати, не не пишат, а нив ги преставуваме. Не се борите и далеку сте од вистинските спортисти.
10 години без договор, без состаноци да ги слушните барем дел од спортистите и маката на спортистот што ја трга за вас. Сега СЈО ке ве најди за сите пари што се потрошени во федерацијата да видиме кај се парите отидени за нас спортистите што беа добиени од меѓу народната соработка со Серес-ГР.
ЗНАЧИ ги замолувам сите вистински моторџи да си видат дали ќе тапкат место или ке сакат да се подобрат нештата. Состанок треба, возачи не ни требат, прослави за нив и нивни итереси, ни слики на фејсбук, ни требат патеки и трки и развој на мотоспортот, мора да се менат луѓето во федерацијата оти нема појќе мотоспорт, не се лажете појќе оти сите години се обеќва дека ќе се прај ништо, не се прај, а на тие прослави сите се однесувата ко да се прај нешто.
А јас тоа појќе неможам да го гледам.
СПОРСКИ ПОЗДРАВ H.I # 90 ?